Ужас! Брутален напад од Америка, Русија итно најави: Ќе одговорите!

Ужас! Брутален напад од Америка, Русија итно најави: Ќе одговорите!

Споделете ја веста

САД ги игнорираа нормите на меѓународното право со напад на територијата на Сирија и Ирак, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Москва одлучно ги осудува американските напади врз Сирија и Ирак и инсистира ситуацијата итно да се разгледа во рамките на Советот за безбедност на ОН “, се вели во соопштението.

Според портпаролката на Министерството, Марија Захарова, тоа што британските авиони учествувале во американските напади не треба да создава илузија дека постои некаква меѓународна коалиција и дека Лондон допрва треба да одговара за поддршката на САД.

Захарова оцени дека воздушните напади имале за цел дополнително да го разгорат конфликтот.

– Со напади без прекин во последно време врз објектите на, како што се тврди, проирански групи во Ирак и Сирија, САД намерно се обидуваат да ги вовлечат во конфликт најголемите земји од регионот –  изјави таа.

Како што рече, нема оправдување за американската операција во регионот, најголема од 2003 година и за која американскиот претседател Џозеф Бајден вели дека е чин на одмазда за нападот на американската база од беспилотен авион чие потекло не е познато.

 

– САД не бараат и никогаш не барале решение за проблемите во регионот. Состојбата, според која хроничните конфликти на Блискиот Исток само се продлабочуваат, отсекогаш била извор на задоволство за Вашингтон –  заклучи Захарова.

 

Да потсетиме, Америка синоќа започна агресија врз Сирија, а беа бомбардирани и цели на територијата на Ирак.

 

Според последните податоци, во нападот загинале 10 лица, а ранети се 18. Американската војска објави дека погодила повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија и дека во нападите биле користени бројни авиони, вклучувајќи бомбардери со долг дострел кои летале во од САД.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа