МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: „ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНЕЦ ЌЕ УМРАМ”

Во прилог Ви претставуваме македонска народна песна посветена за Гоце Делчев, во којашто се изразува колективната свест на македонскиот народ и национална афирмација на основните постулати на револуционерната организација. Со тоа народот преку зборовите на Гоце Делчев ја декларирал својата непоколеблива македонска национална свест:
– „Бесилска се прави среде во Кукуш за да го обесат јунак Гоце Делчев.
Гоце се направил младо ќумурџиче и слегол долу, долу во селото.
Оздола иде турската патрола и на Гоце вели, вели и зборува:
— Абре ќумурџиче, ти младо ергенче,
дали си го видел јунак Гоце Делчев?
— Абре вие, Турци, клети јаничари, и да сум го видел — нема да го кажам, и да сум го видел — нема да го кажам:
јас сум Македонец, Македонец ќе умрам.”
ИЗВОР: „Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан Пиперката и Питу Гули”, 1974 г., објавена за прв пат во:
„АИФ”, м. л. 269/1, рег. бр. 4513. Испеала Живка Илиева, на 21 година, од Куманово. —–/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа