Драма во Украина! Зеленски го потврди најлошото и ја запрепасти нацијата! „Имам намера да …

Драма во Украина!  Зеленски го потврди најлошото и ја запрепасти нацијата!  „Имам намера да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека има намера да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни.

Зеленски за италијанската телевизија РАИ1 изјави дека размислува и за разрешување на други високи функционери.

 

– Неопходен е нов почеток. Кога зборуваме за тоа, мислам на разрешување на голем број водечки државни функционери, а не само на отпуштање во воената сфера. Размислувам за замена ( Залузни ). Вистина е. Тоа прашање ја засега целата лидерска група што ја води државата – рече Зеленски на прашање за несогласувања со Залужни.

Володимир Зеленски истакна дека има „сериозен план“ за водење на земјата.

 

– Ако сакаме да победиме, мора сите да одиме во ист правец, убедени во победа, не смееме да се обесхрабруваме, не смееме да се предадеме, мора да имаме вистинска позитивна енергија. Зборувам за рестартирање. Имам нешто сериозно на ум, не зборуваме за една личност, туку за насоката на раководството на државата – објасни Зеленски.

 

Киев неодамна ја информираше Белата куќа дека Зеленски одлучил да го замени Залужни. „Вашингтон пост“ наведува дека САД не ја поддржале одлуката на Зеленски, но не и се спротивставиле, велејќи дека е негово право да носи такви одлуки.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа