ПОТОМОК НА ДЕЛЧЕВИ И СИН НА СЕСТРАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ : ГОЦЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ГОЦЕ Е МАКЕДОНЕЦ

Димитaр (Мицо) Гоцев Андонов е театарски и културен деец во Бугарија од македонско етничко потекло. Тој е син на сестрата на Гоце Делчев – Христина (Тина) Антонова.
После Втората светска војна и ослободувањето на Македонија, Мицо напишал статија во којашто говори за Македонците како засебен народ – одделен од другите народи, и ги поистоветува со ликот и делото на Гоце Делчев, како симбол на македонската национална борба за слобода. Во написот, на пр., читаме:
– „Народите се неделиви. И, кога по тешки борби, потиснатите ќе ја извојуваат својата слобода, гледаш: И во најмалите свои пројави на народот живее духот на основоположниците на неговото ослободување. Затоа (тој народ) и ја заслужил слободата.
Така е со сите народи. Па и со македонскиот.
Мачеништвото на македонскиот народ заврши. Со слободата. И со таа слобода грејна ликот на големиот негов син – Гоце Делчев.“
Потоа внукот се навраќа на некои цитати од Гоце. Мицо потсетува дека славниот негов предок – Македонец не се грижел само за слободата на македонската земја, туку на македонското население – на Македонците како народ и другите „племиња“, па дека не ги мразел османлиите како народ, туку нивниот државен систем итн.
– „Гоце ги определи моралните и политичките заложби на македонскиот народ“, вели Мицо.
Занимливо, внукот на Гоце ги поистоветува германско-бугарските сакскобургготски владари со „османлијата“ – турскиот султан, но и со „српските пандури“. Заклучокот гласи:
– „Тоа беше Гоце – тоа е македонскиот народ. Колку многу единство меѓу еден народ и херој! Колку многу величие во народот и неговиот херој!” ——/
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа