АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ НА 18 ДОАЃА НА БАЛКАНОТ

-Засега не е позната примарната цел на оваа посета, но се сугерира дека таа доаѓа како американска благодарност за Албанија, како сојузник на САД и во НАТО. Минатата година, секретарот Блинкен позитивно ја коментираше улогата на Албанија во Советот за безбедност на ОН, наведува Топ чанел.

 

 

Додава дека токму Блинкен во мај 2021 година го прогласи поранешниот албански премиер, Сали Бериша „нон грата“ за САД поради вмешаност во корупција и поткопување на демократијата, што беше „придружено со фронтален напад на Бериша врз Блинкен“.Тој е четврти американски државен секретар што доаѓа во посета на Албанија.Првата посета на американски државен секретар на Тирана е онаа на Џејмс Бејкер, на 22 јуни 1991 година, втората е на Медлин Олбрајт на 19 февруари 2000 година, кога таа одржа говор и во албанскиот парламент, а на 14 февруари 2016 во посета на оваа земја беше Џон Кери.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа