БУЈАР ОСМАНИ ЗАЕДНИЧКИ КАНДИДАТ НА СДСМ И ДУИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ?

Европскиот сојуз за промени реагираше за можната кандидатура на Бујар Османи за претседателски кандидат од партијата ДУИ.

 

Од албанската опозиција потсетуваат дека се работи за поранешниот министер за здравство Бујар Османи, во владата на Груевски за кого Специјалното обвинителство имало случај под името „Пациент“.

 

Османи за Сител ниту потврди ниту демантираше дека ќе влезе во претседателската трка.

 

– Во партијата не сме разговарале на таа тема се уште, но јас немам видено поисплашени луѓе на една прес конференција за една таква идеја – се вели во кратката изјава на Османи за Сител.

 

Османи мисли на реакцијата на албанската опозиција, која по неофицијалната вест дек можеби ќе се кандидара за шеф на државата, рече дека Османи бил најкорумпираниот министер Албанец во тој период, а прашаа и која е неговата врска со руска компанија за респиратори за време на пандемијата?

 

– Некој можеби заборавил, но оние кои ги следат случувањата кај нас добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство во владата на Груевски во годините 2008-2011. Негов единствен успех во тие години беше најкорумпираниот министер Албанец досега. Тој е единствениот функционер Албанец кој беше под истрага на Специјалното јавно обвинителство за случајот Пациент кој кога му требаше во 2017 година на СДСМ, молчеше. Освен тоа, додека тој тврди дека ќе се кандидира за претседател, на јавноста ѝ должи да одговори и на прашањето дали е вистина дека респираторите за време на пандемијата Ковид-19 се купени преку руска компанија и каква е неговата врска со оваа компанија? – рече Амир Елези – ЕСП.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа