Славната актерка се прошета без градник: Знам, разочарани сте бидејќи имам мали гради (ФОТО 16+)

Британската актерка Флоренс Пју продолжува да го поддржува движењето „слободни брадавици“. Без градник дојде на премиерата на филмот Дина: Втор дел во Мексико, во кој ја игра принцезата Ирулан, ќерката на императорот. Таа на црвениот тепих се појави во бел свечен фустан кој беше проѕирен.

Претходно таа го истакна лицемерието бидејќи жените се принудени да ги покриваат градите, додека мажите можат да одат без кошула, пишува Дејли Мејл. Ова не беше прв пат Флоренс да облече фустан без градник. Во јули минатата година таа носеше проѕирен фустан на ревијата на Валентино во Рим.

 

„Мажите јавно ги уништуваат женските тела“

Поради ова, таа доби коментари од, како што ги нарече, „вулгарни“ мажи кои „одлучија јавно да го уништат женското тело.“ „Она што беше интересно да се гледа е како мажите лесно го уништуваат телото на жената, јавно и гордо за сите да го видат тоа“, започна таа во описот на Инстаграм.

 

„Толку многу од вас сакаа агресивно да ми кажат дека сте разочарани што имам мали гради и дека треба да се срамам од нив бидејќи сум толку рамна“, продолжи таа.

„Долго живеам во ова тело. Целосно сум свесна за големината на моите гради и не се плашам“, заклучила таа.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа