СНИМКА КОЈА ВЕЧЕРВА ЈА ЗГРОЗИ МАКЕДОНИЈА: Девојче среде бел ден во центарот на Скопје вчера е брутално претепано од соученички! (ВИДЕО)

СНИМКА КОЈА ВЕЧЕРВА ЈА ЗГРОЗИ МАКЕДОНИЈА: Девојче среде бел ден во центарот на Скопје вчера е брутално претепано од соученички! (ВИДЕО)

 

Трауматичен и вознемирувачки настан се случил среде бел ден вчера во центарот на Скопје во близина на грчкиот конзулат, дознава Слободен печат од свои извори.

 

Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот. Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми.

 

По бруталното претепување таа сама дошла до гимназијата во центарот на градот, но поради исцрпеноста колабирала пред обезбедувањето по што биле викнати нејзините родители.

 

Снимката ја направила толпа ученици кои или набљудувале или се потсмевале со овој сериозен настан. Девојчињата што ја претепале ја навредувале со погрдни зборови. Случајот е пријавен во полициската станица Беко и кај Јавен обвинител.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа