СВЕДОШТВО НА СИНОТ НА МИСИРКОВ: ТАТКО МИ ДО СМРТТА ТВРДЕШЕ ДЕКА ПОСТОИ МАКЕДОНСКА КУЛТУРА И И МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА КОЈА НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО СРБИЈА И БУГАРИЈА

СЕРГЕЈ МИСИРКОВ – СИНОТ НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ
„ Taтко ми упорно тврдеше дека има македонска национална култура и македонска национална историја различна од онаа на Србите и на Бугарите. “ – Сергеј Мисирков.
Д-р Сергеј Крстев Мисирков (1906–1960) е лекар, публицист и општественик, син на македонскиот национален херој и личност на Македонскиот 20-ти век – Крсте Петков Мисирков. Сергеј е роден во Одеса, Царска Русија, а се образува во Софија. Бугарија и таму завршува медицина.
Во 1935 година Сергеј Мисирков е прогонуван од новите, про-фашистички бугарски власти, и приведен на распит во процес против ВМРО (Обединета). Неколку години потоа се поврзува со Коле Неделковски и со македонските национални дејци од софискиот Македонски литературен кружок. Сергеј застанува во борбата против германските и бугарските фашисти.
Во периодот 1946–47 година Сергеј е пратеник во Бугарското народно собрание.
Сергеј Мисирков, во 1956 година, ја предал сета архива на Крсте Мисирков на Архивот на НР Македонија со зборовите: „Сега архивата на татко ми Крсте Петков Мисирков е таму каде што припаѓа, во слободна Македонија,“
Запишано е; „Сергеј Мисирков, за разлика од својот татко, дочекува да ја види македонската национална држава востановена и утврдена со впишана историја на македонски литературен јазик. Сергеј Мисирков го доживува делумното остварувањето на македонскиот национален идеал (постигнат на 08. 09. 1991 година) за што и Крсте Мисирков и тој се борат цел живот – независна македонска национална држава Република Македонија.“ (с.с Историска белешка)
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа