ЗА ГЕРМАНИЈА И ШВАЈЦАРИЈА ИМА МАКЕДОНИЈА! СЕУШТЕ СЕ ПАТУВА СО СТАР ПАСОШ!

Официјално известување или потврда за ваквите одлуки не треба да се очекува од овие држави или барем од повеќето од нив зашто не би сакале да се доведат во непријатна позиција пред Грција

 

Повеќе европски држави, дел од нив членки на Шенген-зоната, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, покажува праксата од изминатите неколку дена, вели доброупатен дипломатски извор за „360 степени“.

 

Од членките на ЕУ и на Шенген, станува збор за Германија, Швајцарија и Бугарија, а нивниот пример не е исклучено да го следат и други држави во Европа. Во овие земји има многубројна дијаспора од Северна Македонија, која е со постојан работен ангажман, па државите не сакаат да ја стават во ризик домашната економија, со оглед на проблемите со замената на патните исправи на македонските државјани согласно роковите во Преспанскиот договор.

Од земјите во регионот, со стар пасош може да се патува и во Албанија и во Косово.

Официјално известување или потврда за ваквите одлуки не треба да се очекува од овие држави или барем од повеќето од нив зашто не би сакале да се доведат во непријатна позиција пред Грција, вели изворот на „360 степени“. Но, она што се случува на терен по 12 февруари, кога истекоа петте години предвидени за замена на пасошите, потврдува дека старата патна исправа со Република Македонија поминува кај полициските власти на овие земји.

 

Ако праксата продолжи и се прошири, тоа ќе го намали и притисокот врз амбасадите и конзулатите на РСМ за аплицирање за нови документи, но и за издавање патни листови.

 

Дека Швајцарија и понатаму ги признава старите пасоши, потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи при посетата на Амбасадата на РСМ во Берн, Швајцарија, каде што покрај базната донесе и мобилна станица за фотографирање и издавање пасоши.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа