„НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНЦИ ЌЕ ОСТАНЕМЕ“ – 1928 г.

Во Македонија под српска управа, во Гевгелија, новинар од белградскиот весник „Новости” во 1928 година направил кус разговор со некој повозрасен Македонец. Србинот прашувал за тогашната српска окупација и власт во Вардарскиот дел на Македонија.
Вообичаено за монархо-фашистичка Србија, тогашните српски шовинисти и пропагандисти се обидувале да им припишат на Македонците – „недостаток“ од национална свест.
Но, во разговорот, „македонскиот старец“ е категоричен. Тој повеќепати ја изразил својата македонска национална свест. А всушност, и нагласува дека Македонија била окупирана од повеќе држави – Турција, Србија, Бугарија и Грција. Во написот читаме:
– „Ние сме Македонци… Јас сум стар. Во времето на мојот живот се наредиле многу држави. Со години бевме под Турците, после под Грците, Србите, па најпосле под Бугарија… Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме!“ [1]
Овие зборови се израз на чиста и јасна македонска национална свест.
ИЗВОР: „Македонско дело”, 27 јули 1928 г., бр. 70, стр. 9 – 10.
ЗАБЕЛЕШКА [1] – Разговорот е пренесен во весникот „Македонско дело“. Весникарот најверојатно е под одредено про-бугаристичко влијание, па вели дека „старецот“ одговорил на „бугарски” јазик. Но, испитаникот јасно истакнал дека тој е Македонец и дека неговиот народ се Македонците. ——/
Можно е да е слика од одрезок од билет и текст
Сите реакции:

Marjan Trajkovski, Stiv Veselinovski Krokodilac и 99 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа