СРАМОВИ ЖИВИ! СИН НА МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛ КОЈ ЗАГИНАЛ ВО 2001 ЗАМИНАЛ ВО СТРАНСТВО ЗА ДА СПЕЧАЛИ ЗА ЛЕБ

МАЈКА НА НАЦИЈАТА
Ја имав честа да се поклонам пред г-ѓа Душка Јаневска, Мајка на нацијата и да и доделам Златна Плакета во чест на нејзиниот погинат син за македонската Кауза и државноста на Македонија, Бранителот и Маченик на нацијата Миле Јаневски – Џингар, припадник на специјалната единица на АРМ “Волк”.
Со тој чин, ја започнуваме нашата иницијатива за донесување на посебен Закон за македонските Бранители со кој ќе бидат прогласени за Маченици на нацијата и историски ќе бидат издигнати на исто ниво со македонските Илинденци и Асномци, а мајките на загинатите Бранители ќе бидат носители на посебен општествен статус – Мајка на нацијата, со сите привилегии и државни почести кои следуваат!
Г-ѓа Јаневска ми раскажа за детството на нашиот Херој, за неговата љубов кон Македонија и АРМ и јунаштво со кое се бореше во 2001 година! Дознав детали за моментот кога и била соопштена трагичната вест за неговото загинување за слободата на Македонија!
Останав поразен и посрамотен од фактот што ова општество, сите ние до еден Македонците дозволивме синот на Маченикот на нацијата да ја напушти Македонија и да замине во странство по парче леб!
Срам, срам, срам да ни е на сите до еден!
Се колнам дека сите синови и ќерки на нашите Бранители ќе ги вратиме во Татковината за која паднаа нивните татковци и ќе бидат чувани како капка роса во нашите дланки!
Очекувам широка народна поддршка за нашата иницијатива од сите вас!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа