ПРЕД ДА ЈА ДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА ВО БУКУРЕШ, ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ И УШТЕ 3 ЦА МАКЕДОНЦИ ДОСТАВИЛЕ МЕМОРАНДУМ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ДО РУСИЈА И БРИТАНИЈА

01.03.1913 – МЕМОРАНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА
На денешен ден, 1-ви март 1913, пет месеци пред да биде потпишан кобниот Букурешки договор со кој Македонија беше поделена меѓу Грција, Бугарија, Србија и Албанија, претставниците на МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА во Петроград (Русија) – Димитрија Чуповски, Наце Димов Чуповски, Гаврил Константинович и Александар Везенков, составиле и потпишале Меморандум во кој побарале формирање на НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија – Едвард Греј и на амбасадорите на големите сили во Лондон.
Заедно со меморандумот, била предадена и картата на Македонија во боја, изработена од Димитрија Чуповски.
Во меморандумот се изложува и истакнува борбата на Македонците за својата слобода и држава, и било нагласено учеството на Македонците во Првата балканска војна како рамноправна војувачка страна.
Преку неколку точки во меморандумот се изнесени барањата, меѓу кои најбитни се: Македонија во нејзините географски, етнографски и економско-културни граници да остане единствена, неделива, независна балканска држава и во најскоро време врз основа на општо гласање, да биде свикано Македонско народно собрание во Солун, заради детална разработка на внатрешната организација на државата и за определување на односите со соседните земји.
На првата фотографија од лево на десно – Димитрија Чуповски, Наце Димов Чуповски (стои) и Гаврил Костадинов Тасев (во Русија – Константинович) .
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа