МАРТИНКИТЕ СЕ ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ОБИЧАЈ И НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО БУГАРИЈА

Напротив. Бројни бугарски научници и истражувачи денес самите си докажуваат дека таа појава е древен тракиски и македонски обичај и е многу постара од присуството на Татаро-Бугарите на нашиот полуостров.
Поточно, според сè, мартинката е пред-христијански, древно-македонски обичај, поврзан со древниот празник на пролетта – Ксантика. За тоа има повеќе антички легенди.
Според едно предание, древниот митски јунак Македон се вљубил во Ксантија, и тоа било љубов „до последен здив“. Но, злите сили меѓу боговите ја претвориле девојката во цвеќе… Така, Македон секоја пролет ја барал својата голема љубов на сите ливади и полиња, во сите бистри потоци и реки, во сите градини во Древна Македонија. Во чест на оваа несреќна љубов на Македон кон божицата на цвеќето – Ксантија, Древните Македонци првиот пролетен месец го нарекле Ксант, а пролетниот празник – Ксантика.
Македонците го славеле Ксантика како празник на пролетта, љубовта, цвеќето и убавината. Прославата се одржувала на улиците и во театрите, преку спој на танци, музика и верски обреди.
Притоа, црвено-белите мотиви биле неизбежни. Жените и девојките од црвено-бели конци правеле ѓердани, украси за коса, облека и сл. Мажите ги врзувале на појас. Децата ги носеле како нараквици и алки. Боите имаат строго определена смисла: Црвената е признак на крвта и животот, а белата – на чистотата и среќата.
Ксантика во антиката се празнувал цел месец, со занес и вознесување кон божествата и вечното Сонце – симболот на животот.
Мартинката е присутна кај Македонците со векови и илјадалетија. Околу 1850-тите, и фолклористите, браќата Миладиновци го забележале овој обичај. Тие запишале:
– „Дента спроти Марта (ден пред 1. март), сучат црвено и бело предено со цело, и утрината го клавает на децата на грло, на раце и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, каде спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к’штите: ‘Ластовица идеше, Црно Море пливаше’…“
Носењето мартинка како алка на раката е антички, пред-христијански, пагански обичај. Црквата не е против тој обичај, ако тоа се прави поради мода, забава, традиција или едноставна почит кон нашите антички предци.
Но, ако носењето мартинка е суеверие, т.е. празноверие, тоа не е во согласност со учењето на Црквата и православните верувања. Предубедувањата дека мартинката „не смее“ да се симне од раката „сѐ до доаѓањето на пролетта“, „до првата ластовичка“ (или штрк), „сѐ дури не расцути првото дрво“ итн. со некаква лажна верба дека тоа „мора“ да ни ги исполни желбите – според православната вера, сѐ тоа е празно не-христијанско суеверие. ——/
Можеби е илустрација на текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа