Пишува Трајче КАРАПЕТРОВ
На денешен ден пред 80 години (8 март 1944 година), селото Ранци, Кајљарско беше нападнато од бандите на полковникот Пулос. Тие уште со влегувањето во селото запалија неколку куќи и убија еден селанец. Заробени беа дваесет и пет селани кои ги пренесоа во село Џума, Кожанско, таму ги држеа заробени. Повеќето селани со овци и друг добиток успеаја да се спасат бегајќи по планината покриена со снег. Од задржаните во село Џума, уште првата вечер го убија Ѓорѓи Тошев, а другите беа ѕверски мачени. Еден испратиле во селото да им каже на селаните да земат пушки и да се борат против партизаните на ЕЛАС. Но, одговорот бил НЕ! На 9 март заробените ги однеле во затворот во Кожани, каде што беа задржани седум дена гладни и мачени. Тоа беше првиот напад на селото Ранци.
Вториот напад на селото Ранци беше десетина дена подоцна, во два часот после пладне. Овој пат бандите не дојдоа сами. Со нив дојдоа и триесет Германци со пет тенкови. Селаните почувствуваа дека доаѓаат Германци но, не успеале да избегаат. Бандите го имаа опколено селото и ги запоседнаа патиштата кои водеа кон планината. Истовремено, почнаа да стрелаат од тенковите против народот што бегаше, и така повеќето селани не успеаа да се спасат – паднаа во рацете на Германците и бандитите. Тогаш беа ограбени сите куќи, изгореа над 200 куќи и 300 племни и заклаа 56 луѓе. Началник на овие групи кој вршеле егзекуција бил кожанскиот извесен Сарис. Помеѓу закланите е и мојата баба Велика Мингова (мајка на мојата мајка).
Други заклани се: Андреа Стефан, Антонов Михаил, Антонева Ѓурѓа, Анастас Бојчев, Илија Бојчев, Трифун Бојаров, Димитриј Гајдаџиев, Генга Милтијади, Ахилеа Дала, Антон Дала, Анастас Дала, Никола Ичков, Теодос Караташев, Сана Караташева, Олга Караташева, Анастас Карајанов, Вангел Капетанов, Дона Капетанова, Наки Карапетов, Никола Карапеов, Коте Стојан, Коте Христо, Коте Коста, Коте Вангел, Коте Глигу, Ѓорѓи Мингов, Димитриј Мингов, Вангел Манчов, Дота Манчова, Нико Манулаки, Нико Антон, Папа Коста, Папа Никола, Папа Ипократи, Козма Пеов, Стојан Пеов, Пејо Пеов, Апостол Пеов, Никола Рустов, Ката Секуларова, Ристо Свртинов, Никола Свртинов, Ташов Ѓорѓи, Тони Аристотели, Димитриј Чуара, Трендафил Чуара, Сократ Чуара, Панаги Чуара, Коста Чуара, Злата Чуара, Никола Чавдаров, Јани Јанка, Вангел Јанка, Васил Јанчев, Стојна Јанчева…
После масовното и ужасно клање, селаните кои останаа живи, го напуштија селото и побараа прибежиште во околните села Коман и други села, едни отидоа во Негуш, а другите во подалечни места. Тогаш Бандите најдоа време да го ограбат селото, да ги пренесат во нивните села, дури и камењата на село Ранци.
Како бесни ги биколеа околните села каде што беа избегани, а живите и под дрво и камен ги бараа и убиваа кого ќе најдеа. Во Коман го убија детето на Ефтим Манчов, а други четири ранчани ги доведоа во Кожани и таму ги убија. Масовното учество на Ранчани против хитлеровските окупатори и пожртвувањето на целото село е голем придонес на Македонскиот народ во општата борба заедно со Грчкиот народ против фашизмот, за слобода и демократија.
Мир Божји и Царство Небесно на убиените, закланите Ранчани, Македонците од село Ранци, Кајљарско…
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?