И ОФИЦИЈАЛНО! ПУТИН Е СТАРО НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈА

Актуелниот претседател доби над 87 отсто од гласовите, обезбедувајќи петти мандат на власт, според изборниот орган на земјата.

Руската Централна изборна комисија (ЦИК) денеска официјално го прогласи Владимир Путин за победник во претседателската трка во 2024 година.

Со 76,27 милиони преброени гласови во негова корист, Путин доби 87,28 отсто од гласачките ливчиња на изборите на 15-17 март, според шефицата на ЦИК, Ела Памфилова.

Комунистичкиот кандидат Николај Харитонов се пласираше на второто место со 4,31 отсто од гласовите, а зад него се кандидатот на Нови луѓе Владислав Даванков со 3,85 отсто и националистот Леонид Слуцки со 3,20 отсто од гласовите.

Победата на Путин никогаш не беше доведена во прашање бидејќи сите негови главни противници се принудени на егзил, затворени или мртви, вели Москва тајмс и додава дека во меѓувреме Кремљ водеше брутална акција против неистомислениците откако ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Надвор од Русија, Памфилова рече дека Путин освоил мнозинство на избирачките места во САД, Германија, Австралија, Латвија, Естонија и Ерменија. Шефицата на ЦИК рече дека 388.791 Русин гласале на изборите во странство.

Западните влади ги критикуваа изборите во Русија како неслободни и нефер, додека сојузниците на Москва и неутралните земји му честитаа на Путин за неговата победа и покрај многуте информации за изборна измама, вели МТ.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа