На Македонија не и треба граѓански Устав!
На своја кожа осетивме дека граѓанските концепти во зовриениот Балкански котел се на штета на наивните и утопистичките фантазери и романтични фолклористи.
Нема устав на Балканот што нема национален наратив, почнете од најјужно до најсеверно.
Да престанеме да сонуваме за скандинавски практики и Бенелукс идеи во услови на постојан турбулентен и лебдечки предвоен контекст.
За каков граѓански устав мислат афирматорите кога од сите страни ни е нападнат националниот идентитет, кога соседите “тријат раце” и не гледаат како плен, дали сме мазохисти, што е работава?
Оние што се залагаат за граѓански устав и сакаат сите нас да не втурнат во формулацијата “граѓани на Светот” да ги прашам каде одат да се лечат кога се болни или кога имаат здравствени проблеми, во Обединетите нации или кај локалниот матичен доктор/болница?
Кога им требаат услуги од комунална хигиена истите ги бараат во Советот за безбедност на ООН или во општинската служба?
Кога сакаат подобри образовни услуги за своите деца ги бараат во Советот на Европа или во локалното училиште?
Дај прво да си ја оправиме државата, да ги зајакнеме нејзините капацитети, да ги засилиме економските стандарди, да го разбудиме креативниот патриотизам во земјата, да ги поставиме темелите на правдата и правото, да ја вратиме почитта кон државата и кон нас самите па потоа ќе зборуваме за нас како “граѓани на светот” ама во Македонија!
Да го вратиме националното за да пораснеме граѓански!
УСТАВОТ МОРА ДА Е НАЦИОНАЛЕН!
ТОЧКА!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?