НЕКА ЗНАЕ СВЕТОТО КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! ВЕСНИК БОРБА ВО 1923: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ САМОСТОЈНА НАЦИЈА СО ПОСЕБЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Македонија под српска окупација: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ САМОСТОЈНА НАЦИЈА СО ПОСЕБЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – 1923 г.
Во весникот „Борба”, издаван во Загреб, во 1923 година хрватскиот општественик Анте Цилига објавил неколку статии за Македонците. Во овој напис, авторот под псевдоним „Mt” говори за Македонците како одделен народ под тогашната велико-српска окупација во Вардарскиот дел на Македонија и за завојувачката, шовинистичка и насилна србизација на македонскиот народ.
За Хрватот, Македонците се посебна националност покрај Бугарите, Унгарците, Албанците, Грците, Турците и другите народности во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, и тој промовира воведување на македонскиот јазик во училиштата. Во статијата читаме:
– „Од словенските племиња што живеат во Југославија, спаѓаат уште и Македонците. Тие во целиот XIX век се развивале како самостоен народ. Сите усилби на српската буржоазија да ги србизира досега останаа без успех. Тие претставуваат одделен национален ентитет и ним треба да им се признаат сите права што произлегуваат од тоа. Нашето движење згреши што уште во 1919 г. не почна да издава печат на македонски јазик за македонското население. Треба да се настојува и за отворање училишта на македонски јазик. Населението пак, самото нека си избира дали сака да ги праќа децата во училиштата да учат на српски јазик, или пак, на наставен македонски јазик.”
Анте Цилига е новинар, политичар и писател од Хрватска. Негова сопруга била прилепчанката Љуба Волчева.
ИЗВОР: „Borba”, 16 август 1923 г., бр. 30, стр. 4 – 5. ——/
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа