УШТЕ НЕ ПОЧНАТА КАМПАЊАТА НИКОЛОВСКИ РАСПАЛИ ПО СОВЕТНИКОТ НА ТОДОРОВ! ФИЛИПЧЕ КАЖИ КОЈА Е ТВОЈАТА УЛОГА СО МОДУЛАРНИТЕ КАДЕ ИЗГОРЕА 14 ЛУЃЕ
Ангажманот на Венко Филипче во 4 изборна единица е потенцијална лидерска битка во СДСМ, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Николовски вели низ четворката во седиштето на СДСМ на Бихаќка од луѓето кои што го поддржуваат Филипче се зборува дека по изборите се надева да го преземе раководењето на СДСМ и дека затоа влегува во оваа изборна трка.
Филипче да одговори за неговата улога како Министер за здравство во справување со ковид кризата, бара Николовски кој поставува шест конкретни прашања:
▪️ Прво каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово која што изгоре и 14 човечки животи кои што беа загубени таму,
▪️ Второ што мисли за тоа што Македонија имаше меѓу највисоките смртности во корона пандемијата,
▪️ Трето каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје,
▪️ Четврто каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите Јавно здравствени установи во Македонија,
▪️ Петто дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија,
▪️ Шесто каква е неговата улога во случајот Онкологија и семејството Пановски.
Целата прес конференција на Николовски и прашањата за Венко Филипче се од 13-та минута во видеото.