БУГАРСКИОТ ПЕЧАТ во 1924 г. : МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ СВОЈА СВЕСТ И СЕ РАЗЛИЧНИ ОД НАС

БУГАРСКИОТ ПЕЧАТ во 1924 г.: МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ МАКЕДОНСКА СВЕСТ ОДДЕЛНА ОД СРПСКАТА И БУГАРСКАТА
Во напис од 1924 г. насловена „Македонска свест”, весникот „Мир”, издаван во Бугарија, сведочи за јасна македонска етничка свест и македонската национална психологија – одделна од српската и бугарската националност.
Тука, всушност, се говори за српско-бугарските односи во поглед на Македонија, Македонците и македонското прашање, т.е. за признавање на националните права на Македонците. Во статијата се вели:
– „Многу е важно, извонредно решавачко за правилниот развиток на целото прашање, да се определи – има ли, постои ли македонска свест, одвоена од српската и бугарската. На ова прашање може да се даде само еден одговор – Има. Времето, историјата, особените услови во коишто живееле Македонците од памтивек, независно од тоа како какви минувале и какви се чувствувале – создале една специфична, чисто македонска психологија, во којашто македонската свест длабоко се вкорени… Тоа жилаво племе (Македонците), коешто од својата татковина Македонија од памтивек ползело и ползи по целиот Балкан влева оживувачка крв во стопанскиот живот на сите балкански народи“.
На крајот, неименуваниот весникар ја нагласува потребата сите да признаат дека Македонците навистина имаат своја посебна психологија и одделна македонска етно-национална свест.
ИЗВОР: „Миръ”, София, 11 март 1924,, бр. 7122, стр. 1. ——/
Можно е да е слика од мапа, одрезок од билет и текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа