ВО ДЕНЕШНА СИРИЈА ПРОНАЈДЕНА НАЈБОГАТА ДРЖАВА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И НАЈСТАРАТА МОНЕТА ОД ТОА ВРЕМЕ

Една од најбогатите држави – наследничка на империјата на Александар Македонски било кралството на Селеукидите (главно се наоѓа во денешна Сирија).
Претерано ретка, величествена и многу важна златна октадрахма на селевкидскиот крал Антиох III. Постојат само неколку познати примери, ремек-дело на античката уметност и меѓу најдобрите монети на Селевкидите што постојат.
Антиох III, (април/јуни 223 г.п.н.е. – 3 јули 187 г.п.н.е.).
Октодрахма, Антиохија 204-197,
АВЕРС 34,16 г. Глава со дијадема
РЕВЕРС. Натпис ΒΑΣΙΛΕΩΣ ΑΝΤΙΟΧΟΥ (на владетелот/на кралот Антиох), Аполо седи на омфалос (свет жртвеник со овален завршеток), a во раката држи лак и стрела; во долното поле се чита кратенката AΓH.
Оваа монета е навистина ретка и е убедливо најдобриот од само два познати примероци, особено е забележлив длабокиот релјеф во процесот на ковањето.
За сите, освен за Птолемеите, кои со векови имаа практично неисцрпна залиха на злато – било крајно невообичаено за суверен да издава златни монети поголеми од дарик или статер.
Селевкидите во нивната територија во Сирија не биле исклучок. Фактот дека добар процент од познатите селевкидски златни октодрахми биле удирани со матрици кои веќе биле користени за сребрени тетрадрахми сугерира дека издавањето на овие големи златни парчиња не било секогаш планирано, но понекогаш се појавувало во моментот.
Се чини дека таков е случајот и со монетата на сликата, која е искована со истата матрица како примерокот под број 1132.3b илустрирана во Селевкидските монети на Houghton and Lorber’s (Seleucid Coins, part I).
Тие ја припишуваат таа тетрадрахма на „Неизвесна кованица 68“ во Северна Месопотамија; освен оваа октодрахма, непозната за авторите во времето на објавувањето на нивниот труд, производството на оваа монето-ковачница се состоела целосно од сребрени драхми и тетрадрахми.
Владеењето на Антиох III било воинствено и карактеризирано со многу победи, после кои војниците заслужиле да им се плати бонус-награда.
Сепак неговите златни октодрахми се неверојатно ретки: осум серии биле произведени во Антиохија и во четири ковачници лоцирани во Месопотамија или нејзините гранични региони.
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа