„СЕ ЧУВСТВУВАВ КАКО ДА ГО НОСАМ ЃАВОЛОТ ВО СТОМАКОТ, НЕ САКАВ ДЕТЕ НА 83-ГОДИШЕН МАЖ“: Потресна исповед на плејбој зајачицата
Животот во вилата на Плејбој не беше бајковит како што беше прикажан на светот, а тоа го докажува и признанието на Кариса Шенон
Кога почина Хју Хефнер , не помина ниту една година, а девојките од сите страни, вклучително и неговите „ сопруги“ од вилата на Плејбој, почнаа да изнесуваат одвратни обвинувања за силување, малтретирање, затворање од страна на Хефнер .
Една таква приказна доаѓа од близнаците, Кариса и Кристина, кои биле „девојки“ на Хју Хефнер цели 18 месеци.
Во тоа време тие не биле ни полнолетни, според американскиот закон.
Имено, Кариса Шенон тврдела дека абортирала откако дознала дека е бремена со Хју Хефнер. Во тоа време тој имал 83 години, а таа само 19.
Таа требаше да ги зголеми градите со естетска хирургија финансирана од самиот Хефнер, кога тестовите на крвта покажаа дека е бремена.
„ Немав односи со никој друг, а тоа можеше да биде само неговото бебе. Сакав да го решам тоа што е можно поскоро “, изјави таа за „Сандеј мирор“.