МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЈУРИША НИЗ ДРЖАВАТА И СПОРЕД НАЈНОВИТЕ АНКЕТИ ИМ ДИШЕ ВО ВРАТ НА СТЕВО И ГОРДАНА

Продолжува трендот на огромната предност на претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, пред кандидатот поддржан од Социјалдемократскиот сојуз, Стево Пендаровски.

 

Во најновата анкета објавена во емисијата „Објектив“ на Македонската радио телевизија спроведена од ИПИС во април месец, се истражуваше рејтингот на претседателските кандидати во третата и во четвртата изборна единица.

 

На прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“, во третата изборна единица (ИЕ3) за Гордана Силјановска Давкова се определиле 37,1%, додека за Стево Пендаровски 21,8% од испитаниците. Зад нив се Максим Димитриевски со 6,7%, Билјана Ванковска со 5%, Стевчо Јакимовски со 1,2%, додека пак Арбен Таравари и Бујар Османи се под 1 процент.

 

На истото прашање во април месец во четвртата изборна единица (ИЕ4), дека ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова одговориле 36,3% од испитаниците, додека Стево Пендаровски има доверба од 23,8% од анкетираните. Далеку зад нив се Максим Димитриевски со 5,6%, Билјана Ванковска со 3,9%, Стевчо Јакимовски со 1,1 %, а Бујар Османи и Арбен Таравари и во четвртата изборна единица се со доверба под 1 процент.

 

Останува големата предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во третата и во четвртата изборна еденица и во месец април.

 

Според анкетата на ИПИС, во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ име речиси двојна предност пред владеачкиот СДСМ, односно опозициската партија има доверба од 34,2%, додека Социјалдемократскиот сојуз има доверба од 17,8% од испитаниците. По нив следат Левица со 4,7% и ЗНАМ со 4,5% поддршка од анкетираните.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа