Нови податоци: Русија оваа година ја престигна Јапонија и стана четврта по големина економија во светот
Лани Русија беше на петтото место и ја престигна Германија. Годинава во однос на паритетот на куповната моќ ќе ја престигне Јапонија
Русија се приближи до Јапонија и ќе стане четврта по големина економија во светот оваа година, додека Индонезија ја престигна Германија минатата година, покажуваат податоците на Светската банка, презентирани од World Economics.
Во рангирањето што го покажува бруто домашниот производ според паритет на куповната моќ, Русија минатата година беше во првите пет, додека Германија, некогаш најсилната европска економија, падна на седмото место.
За Русија се прогнозира раст оваа година, додека Германија, според предвидувањата на економистите, ја „зацементира“ позицијата на седмото место, без изгледи да и се одмазди на Индонезија и да ја престигне.
Кина е убедливо прва, пред САД, на трето место е Индија, на четврто е Јапонија, а потоа Русија, додека Франција, Италија и Велика Британија паднале за неколку места во однос на претходната година.
„Земјите кои воведоа санкции кон Русија паѓаат, додека други растат, тренд кој продолжува втора година по ред. Минатата година Русија ја престигна Германија на петтото место. Годинава во однос на паритетот на куповната моќ ќе ја престигне Јапонија. Германија е само на седмото место. Економиите на Г7 растат побавно од најсилните Г20“, вели Бен Арис, долгогодишен известувач за „Дејли Телеграф“ од Русија.
Според податоците на ММФ, Русија забележа економски раст од 2,2 отсто во 2023 година, што ја става пред сите земји од Г7, како и пред поголемиот дел од Европската унија. Затоа закрепна од благиот пад од 2,1 отсто, кој под првичниот притисок на санкциите и почетокот на Специјалната воена операција беше забележан во 2022 година.
Интересно е и набљудувањето за прогнозата за раст на најголемите светски економии од 2024 до 2030 година. Економистите предвидуваат дека најголем раст ќе има Индија со 50,1 отсто, Кина 49,7 отсто и Турција 40,8 отсто. Се очекува руската економија да порасне за 13,4 отсто, а германската за скромни 3,9 отсто.