КАКО МАЛИ ЃОКИЦА ОД ДУИ ГО ЗАМИСЛУВА ДЕНОТ ПО ИЗБОРИТЕ? Сите функции за Албанци, Стево и Таче ни градинари нема да бидат!
Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието. Не е наведено каква функција добил довчерашниот прв вицепремиер Артан Груби…
Европскиот фронт во Скопје денеска ја одржа првата конститутивна симулациска седница на победничкото Собрание од парламентарните избори како и инаугурацијата на победничкиот кандидат на претседателските избори др. Бујар Османи во име на новоизбраното Собрание.
Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрво избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз, а како прва точка на дневен ред ја предложи верификација на мандатите на пратениците и втора точка избор на претседател на Собранието.
По изборот на Зијадин Села за претседател на Собранието, како трета точка на дневниот ред, се предлагаат уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот на Република Северна Македонија, преку измена на Уставот со гласање на 120 пратеници.
Четврта точка на дневниот ред беше Свечената декларација на претседателот на Република Северна Македонија, а по говорот на др. Бујар Османи, првата конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија беше завршена.