Драги сограѓани кои не ве интересира политика! Излезете и гласајте да го урнеме овој трул систем, во спротивно се ќе остане “КАКО ДО СЕГА”

Ви се обраќам вам почитувани сограѓани кои претпочитувате да не учествувате во изборниот процес и кои не ве интересира политика.

Нормално и сосема оправдано е по 34 годишна статус кво позиција и државна стагнација да се чувствувате разочарано и да одбивате да учествувате во изборниот процес, но тоа во никој случај нема да ги промени работите

Од сето ова бенефит би имал само дво партискиот аждер и неговите приврзоци кои ненаситно со години ја глодаат секоја клетка од оваа напатена Држава!

Вашето не учество во изборниот процес остава простор за оние кои државната благосостојба не ја гледаат како нивна одговорност и примарна цел, а со тоа општественото битисување би функциониеало “КАКО ДО СЕГА”  – позната максима на еден наш несуден “Доктор на науки”

Иако знаете што значи “КАКО ДО СЕГА” со должна почит бо ве потсетил!

-Здарвство  “КАКО ДО СЕГА” каде треба да ги искршите телефоните за да го остварите основното човеково право на здравствена заштита.и каде кабелот е виновен за нечија смрт

-Градинки “КАКО ДО СЕГА” каде додека дочекате ред за запишување, вашето дете ќе магистрира.

-Администрација “КАКО ДО СЕГА” каде треба со часови да чекате ред за да извадите било каков личен или друг документ.

-Образование “КАКО ДО СЕГА” девалвирано и деградирано со спуштени квоти и критериуми на отценување каде единичарите станаа фактори и носители на одлуки .

-Безбедносен систем “КАКО ДО СЕГА” со секојдневни скандали, убиства пукотници каде стана предизвик слободно да се движиш по улица.

-Економија “КАКО ДО СЕГА” каде во секој потенцијален државен проект се крие олигархиска или политичка позадина.

-Култура “КАКО ДО СЕГА” каде селективно се делат средствата од државниот буџет и каде се запоставени бројни талентирани уметници.

– Правен систем “КАКО ДО СЕГА” каде криминалците и корумпираните се најчесните и со години им се влечкаат предметите додека застарат.

– Општество “КАКО ДО СЕГА” каде багабонтите и арамиите важат како пример за успех, додека наивните и чесните станаа просечни луѓе.

 

Ако сте задоволни со ваква Држава КАКО ДО СЕГА слободно уживајте во вашите конформни зони, ќе поминат уште 4 години на стагнација и уназадување а по нив и други 4 и така додека се појават некои нови генарации поразлични од нас.

Ако се ова ве прави несреќни, ве иритира, излезете и гласајте за трета опција, гласајте за да им го срушиме системот и комфорот во кој на наш грб ја глодаат и третираат државата како нивна семејна бавча. Излезете да ги извадиме од чевли и како партали да ги фрлиме на политичкото буниште на историјата.

И не заборавајте, гласот е вашето најмоќно оружје за промени и вашиот глас се слуша само еднаш, на избори, искористете го!

 

М-р Љупчо Маркоски

 

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа