КАРАКАМИШЕВА ГО ЗАПУКА БУЈАР ОСМАНИ: НЕМАШ ОСНОВНА КУЛТУРА, ОВА НЕ Е ЧАЈЏИЛНИЦА ВО ЧАИР ПА СИТЕ ДА ТИ РАКОПЛЕСКААТ

Кој ги навести промените пред 5 години?
Замислете овој човек ме нарече НЕДОСТОЈНА да бидам член на Венецијанската комисија, човек кој е без елементарна култура на пристојно однесување.
Кога дојде на пленарната сесија во Комисијата во 2019 година не се поздрави со мене, невоспитано и дрско седна на масата и со надмен став “од висина” кон мене небаре го крунисуваат за цар се направи дека не ме приметува.
Тој најде да зборува за дипломатија и за некаков кодекс на однесување?
Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?
Како гостин на експертско тело тој беше должен, колку и да не се чувствуваше така, да покаже основна култура и да се поздрави со членот на државата од каде доаѓа, а не да ја срами државата и да се однесува недипломатски (а божем се претставува како човек од дипломатијата??)
Мене како Тања верувајте не ми беше потребен неговиот поздрав, не, ни најмалку, но се чудам како човеков нема основна дипломатска култура, основно чувство на коректност кон функцијата што ја извршува и кон Комисијата каде што дошол.
За немањето срам кога пред цела Комисија изнесуваше невистини дека Законот за јазици е уставен веќе сум зборувала, немам што да додадам!
Комисијата кажа колку е неуставен и неусогласен со меѓународните стандарди!
Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа