НАПАДНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА УСТАВЕН СУД КАЦАРСКА Насилникот тргнал да ја тепа сред кафуле во трговски центар

 

Кога обезбедувањето проценило дека постои ризик за директен физички напад веднаш го отстраниле насилниот маж и повикале полиција која го привела во станица.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска е нападната во трговски центар во Скопје. Насилник кој полицијата подоцна го идентификува како В.П.Г. од Богданци, прво викал „ќе одговараш, страшно ќе одговараш!“, а потоа  се приближил до масата покрај која седела Кацарска со уште една жена.

 

Кога обезбедувањето проценило дека постои ризик за директен физички напад веднаш го отстраниле насилниот маж и повикале полиција која го привела.

Од полицијата го потврдија настанот.

 

„Денеска (18.05.2024), полициски службеници од Полициската станица Центар во 14.00 часот го лишиле од слобода В.П.Г.(57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје, со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш“ лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.

Пред три дена Кацарска пријави дека добила закани.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа