СИЛЈАНОВСКА ПО СТАПКИТЕ НА СДСМ И ЗАЕВ ПОЧНА ДА УПОТРЕБУВА НАШАТА ЗЕМЈА НАМЕСТО МАКЕДОНИЈА

Наместо „Северна“ и „Македонија“, Сиљановска Давкова сега употребува „нашата држава“ и „нашата земја“

Четири пати во денешното соопштение од претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска Давкова по повод посетата во Ватикан Папата Франциск се употребуваат термините „нашата држава“ и „нашата земја“

Во денешното соопштение од претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска Давкова по повод посетата во Ватикан Папата Франциск, повторно не се употребува уставното име на државата, но не се употребува ниту „Македонија“. Единствените термини што се користат се „нашата држава“ и „нашата земја“.

„Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави“, се вели во соопштението.

Понатаму се додава:

„Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава“.

„Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница“.

„Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции“.

Сиљановска Давкова при инагуарацијата не го користеше уставното име на државата, потег што предизвика жестоки реакции пред сè од Грција, но и од целата меѓународна заедница која повика на почитување на Преспанскиот договор.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа