СИЛЈАНОВСКА! ГО ПОЧИТУВАМ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР! ИЗЈАВАТА МИ Е ПОТПИШАНА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека не го прекршила Преспанскиот договор кога ја давала свечената изјава во Собранието, а кога наместо уставното име на државата, изговараше Македонија.

 

-Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам. Јас ја потпишав изјавата со актуелното име, името од Преспанскиот договор. Меѓутоа, јас исто така верувам во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата самоопределување која не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална. Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор“, изјави денеска Сиљановска-Давкова.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа