ЕВЕ УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ! ВО 1862 ГОДИНА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БЕЛОМОРЈЕТО НЕ ЗНАЕЛЕ БУГАРСКИ

МАКЕДОНИЈА, 1862 – Македонците во Беломорјето не знаеле бугарски, па пишувале на „нашиот МАКЕДОНСКИ јазик“!
Бугарските пропагандисти се познати по своите манипулации со фактите, и по урнебесни гафови… И, откако во една прилика објавивме дел од напис, бугарист се фати на јадицата… Ја покажа целата статија од весникот „България“, кајшто ЗАМИСЛЕТЕ – се спомнува името „Бугаре“…
Притоа, бугаристот никако не го коментира фактот дека испраќачот ЈАСНО ГИ ОДВОЈУВА БУГАРСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. За него е битно само името „Бугаре“.
Патем… Ние не порекнуваме дека во Македонија во 19. век, името „бугари“ било присутно. Но, тој поим не бил етнички назив, и тоа се докажува со стотици наводи. Тоа е МНОГУКРАТНО ДОКАЖАНО, но еве прилика да повториме неколку примери…
Самите бугарски интелектуалци велат дека сѐ до крајот на 19. век називот „бугарин“ немал национално или етничко значење. Александар Теодоров Балан во 1904. пишува:
„Нашиот селанец, кога ќе кажеше ’ние сме блгаре‘, мислеше – ’ние сме христијани‘. За него, рускиот цар беше ’бугарски цар‘, НЕ ПО НАРОДНОСТ, туку по православно христијанство.“
ЛИТЕРАТУРА: A.T. Балан: „Една македонска теорија“, Периодическо списание, Софија, 1904, стр. 818.
Балан јасно вели дека, во Отоманското Царство, за обичниот селанец, „Бугарин“ е еднакво на „Словен христијанин“ и дека тоа нема етничко значење.
Фолклористoт Стефан Верковиќ во 1860., исто така сведочи за присутноста на бугарското име кај македонското население. Но, и тој нагласува дека тоа е ПОЛИТИЧКО име, а не народно (етничко).
ЛИТЕРАТУРА: „Народне песме македонски бугара“, Белград 1860, Предговор, стр. 13.
Англичанецот сер Хенри Лејард, за 1842 г., запишал дека сите православни жители на Европска Турција, официјално биле заведени како „грци“, без разлика на нивната етничка припадност, додека пак, името „бугари“ („вулгари“) се користи за омаловажување и презир кон оние коишто не го говорат грчкиот јазик, односно говорат словенски јазик.
ИЗВОР: Sir A. Henry Layard’s „Autobiography“ – „Автобиографијата“ на сер Лејард, издадена во Лондон, 1903.
Грците ги нарекувале Словените – „вулгари”. 3а ова говори и таткото на бугарската нација, Паисиј Хилендарски: „който народ и да чете тия книги, те изобщо се наричат словенски, но гърците, понеже знаели отначало, казват и досега български книги, а не иначе.” (История славянобългарска)
„Болгари“ (voulgaroѕ) бил визнтиски, па грчки политички наметнат назив за словенското население. Во услови кога Македонците учеле во грчки училишта и кога сѐ словенско било нарекувано „вулгарско“, за нашите предци од 19 век „бугарското“ значело словенско, и секој којшто говорел „бугарски“, всушност говорел – словенски.
За Григор Прличев и Србите се „бугари“ т.е. Словени. Во средината на 19 век, од словенските народи само Србите имале кодифицирана азбука на Балканот, па затоа и Прличев вели: „Българската (словенската) азбука само на трима беше известна и се наричаше сръбска…“
ЛИТЕРАТУРА: Григор Пърличев: „Автобиография“, стр. 371.
Јордан Хаџиконстантинов – Џинот пишува дека и во Велика Моравија (денешна Чешка и Словачка) живеат „бугари“ (т.е. Словени). Имено, тој и моравските владетели ги сметал за „болгарски кнезови“ (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).
И Господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни посочува дека во 19. век, во Македонија поимот „Бугарин“ означувал чист Словен, дека сите словенски народи се Бугари, па тој запишува:
„B Европа най-образованите философи са от Бохемия и Моравия и всички те са славяни, наши братя, чисти българи.”
ЛИТЕРАТУРА: Симеон Радев: „РАННИ СПОМЕНИ”, „ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ”, Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994.
Учителот од Пиринскка Македонија Никола Попфилипов вели дека „бугарскиот“ (славјанскиот) јазик е „општ балкански јазик“.
(весник „Maкедонiя”, Цариград, 6. Април, 1868 г.)
И Крсте Мисирков го објаснува поимот „Бугарин“ како синоним за CИTE словенски народи – назив наметнат од Грците:
„Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени го велеа со презреното име „бугари”… Грците употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн’е кон се словенцко… Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн’е не iет iединствено“…
(„За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“, 1903 ).
Српскиот академик Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19. век ја посетил грчката област Тесалија, при што запишал: „Грците ме нарекуваат Бугарин, иако сум Србин од Србија… Зборот ’бугарин’ означува Словен.“
ЛИТЕРАТУРА: Петар Драгашевиќ: „Македонски Словени”, Белград, 1890.
Покрај сѐ ова, факт е дека етничките Прави Булгари биле Турко-Татари. И тоа го докажавме со десетици примери. ——/
Можно е да е слика од мапа и текст
Сите реакции:

Stiv Veselinovski Krokodilac, Anet K Macedon и 85 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа