ДА СЕ ПАМТИ КОЈ ЈА КЛЕКНА ДУИ! АХМЕТИ ПРАТИЛ КАЈ МИЦКОВСИ ЛУЃЕ И МУ ПОНУДИЛ САМО 4 МИНИСТЕРСТВА БЕЗ СПИКЕР ЗА ДУИ ДА ОСТАНИ НА ВЛАСТ, ЛИДЕРОТ НА ВМРО ОДБИЛ
ШТО МУ ПОНУДИЛЕ ЕМИСАРИ НА ДУИ НА МИЦКОСКИ ЗА ТОЈ ДА ГИ ЗЕМЕ ВО ВЛАДАТА НАМЕСТО ВЛЕН? Детали за последното танго на Али Ахмети
Eден пред пред изборот на Африм Гаши за собраниски спикер, преговарачи на ДУИ на најблиските соработници на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му предложиле тој да ја земе ДУИ наместо Вреди во владата, без собраниски спикер и со само 4 министерски ресори. Мицкоски ја прозрел играта и студено ги одбил понижените претставници на Европскиот фронт, дознава Плусинфо од партиски извори.
Дента на верификацијата на новите пратенички мандати, во пресрет на гласањето на Африм Гаши за претседател на Собранието, во парламентарната зграда се случувал политички трилер во режија на интегративците на Али Ахмети, дознава Плусинфо.
Имено, воопшто не е случајна агресивната медиумска кампања на ДУИ за оспорување на легитимитетот на Вреди (Влен) за формирање влада, која оди заедно со обвинувања за прекршување на Охридскиот рамковен договор.
Од високи извори на новата владина коалиција дознаваме дека тој критичен ден главните преговарачи на ДУИ побарале и инсистирале на итна средба со Мицкоски. Средбата се случила во кабинетот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, каде според нашите извори, најблиските соработници на Мицкоски добиле предлог мандатарот да ги земе ДУИ наместо Вреди во Владата, без собраниски спикер и со само четири министерски ресори.