(ФОТО) СПОДЕЛЕТЕ ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ! МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ СО 8 КРАЦИ ПРОНАЈДЕНО ВО ЦРКВА НА КОСОВО ИЗГРАДЕНА ПРЕД 7 ВЕКА

Македонското сонце (со 8 зраци) на некакво „летало“ на фреска во средновековниот манастир Високи Дечани, близу Пеќ во Косово… Храмот е изграден во 14. век, кога воздушен сообраќај немало.
На некои, овие „летала“ им изгледаат како вонземски НЛО-и. Некои велат дека средновековните фрескосликари просто имале визии (претскажувачки, научни итн.), за идните воздушно-вселенски летала коишто човекот ги измисли во 20. и 21. век. А, некои пак, велат дека се работи за персонификација на Сонцето и Месечината (како симболи на Новиот и Стариот Завет). Можно е и овие детаљи и мотиви да се додадени во поново време… Сево ова се само теории…
Манастирот е граден за време на кралот Стефан Урош Трети и неговиот син – Душан, којшто ја имал титулата „македонски цар“. Српскиот историчар Живица Туциќ во една прилика ќе рече:
– Живописите се спој од разни влијанија и стилови. Мајсторите не ѝ се познати на историјата, но една од препознатите работилници имала седиште во северна Македонија.
Македонското сонце пак, (со 8, 12 и 16 зраци), често се среќава на фрески и икони од Средновековието.
Нема опис за фотографијата.(
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа