АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ: ЌЕ ВИДИТЕ КАКО СЕ РЕШАВ ВАТОПАТОТ ОД КИЧЕВО ЗА ОХРИД ЗА КРАТКО

 

Трите проекти на кои Николоски ќе стави акцент по преземањето на функцијата министер за транспорт и врски се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп и браната Отиња.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју во Дневникот на Канал 5, потенцираше дека трите проекти на кои ќе стави акцент по преземањето на функцијата се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп и браната Отиња која, како што напомена, е исклучително важна за источниот регион.

 

– Граѓаните очекуваат одговори на две прашања и тоа – прво експресниот пат од Градско до Прилеп којшто ја поврзува Пелагонија и Централна Македонија со остатокот од државата и тоа е нешто во кое прво ќе имам увид. Втора работа, исто врвен приоритет, е автопатот Охрид – Кичево, кој со години е застанат и не се гради. Ќе видиме зошто е тоа така и што може да се направи. И трет приоритет е изградбата на браната Отиња којашто е исклучително важна за источниот дел на Македонија – рече Николоски во Дневникот на Канал 5.

 

Во однос на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д, Николоски посочи дека смета оти овој договор треба да се објави. Во однос на содржината на договорот, појасни дека институциите соодветно ќе го разгледаат и ќе се добие договор дали дополнително може да се преговара или разговара за дополнителни делници.

 

– Не знам по кој закон тој е класифициран како државна тајна. Во однос на содржината на договорот, кога ќе влеземе во институциите, соодветно ќе разгледаме и ќе видиме што може максимум Македонија да добие од овој договор. Дали дополнително може да се преговара или разговара за дополнителни делници што можат да се изградат надвор од овие коишто се веќе предвидени, за Македонија да добие повеќе километри автопати и експресни патишта кои што подобро би ги поврзувале граѓаните – рече Николоски.

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ќе се обидат да оптимизираат во рамки на предвидените средства, граѓаните да добијат максимум од тоа што може да се извлече од овој договор.

 

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа