ЗОШТО СЕ КРИЕ ОВОЈ ПОДАТОК? ГРУПА МАКЕДОНЦИ ФОРМИРАЛЕ МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА ВО 1881 ГОДИНА ВО ЌУСТЕНДИЛ И СЕ ПОВИКАЛЕ НА ФАЛАНГАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА – 1881
Манифестот на привремената Влада на Македонија (11- 23 март 1881 година) од средбата во Ќустендил гласи:
МАКЕДОНЦИ,
Нашата татковина Македонија беше една од најславните земји. Македонците се градители на војувањето, со победоносната фаланга, а со уката на Аристотел, го спитомија човештвото. Сега нашата татковина, толку славна во минатото, е на прагот на уништување поради грешките и негрижата. Клети туѓинци решени се да ја освојат нашата татковина и да го уништат народот македонски, но светлината на Македонија и Македонците нема да згасне.
Мајка Македонија стана како вдовица напуштена од нејзините синови. … Натрапниците кои сноват низ Македонија се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на војските на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно. … Време е на живот или смрт.
Погледнете како македонскиот народ се гуши во ропство, како крвави од раните што соседите ни’ го нанесуваат! Видете ги тешките синџири во кои од Султанот сме оковани … Македонија, нашата татковина, ги повикуваа во борба наследниците на Аристотел и Александар Македонски… под знамето на Македонија, како еден народ да го крене знамето на кое пишува: МАКЕДОНЦИ, НЕ ОДРЕКУВАЈТЕ СЕ ОД СВЕТОТО ИМЕ!
Забелешка:
1Преземено од Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел.
2. На средбата на привремената влада на Македонија во Ќустендил (март 1881 година) и претходела средба на Грамос на претставници од сите краеви на етногеографска Македонија. На стедбата се дискутирало за чл. 23 од Берлинскиот конгрес и положбата на Македонците. Меморандумот од 1881 година бил доставен до неколку амбасади и конзулати во Цариград и Солун. (с.с Историска белешка).
Можно е да е слика од текст
Сите реакции:

Marjan Trajkovski, Goce Angelov и 7 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа