Руски филолог и славист кој бил учител на Гоце Делчев во Солун: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОСЕБНА ЦЕЛИ И МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ СЕ ПОСЕБЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ – ПЕТАР ДРАГАНОВ
Петaр Данилович Драганов (1857 – 1928) руски филолог, славист и македонист, роден во Комрат, Руска империја. По потекло е Бугарин од Бесарабија. Студирал историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.
На покана од Бугарската егзархија, од 1885 до 1887 година работи како професор во Солунската машка гимназија.
Во Солун доаѓа како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет. Но, по обемните етнографски истражувања во Македонија, изградува сопствени ставови за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците.
Според Драганов, Македонија претставува засебна етнографска целина на Балканот, исто како што македонските говори се дел од посебен македонски јазик. Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со теориите на неговите бугарски работодавачи, Драганов се враќа во Русија каде преку бројни написи и предавања ги поставува темелите на македонистиката во Русија.(с.с.. Историска белешка)
Сите реакции:

Marjan Trajkovski, Goce Angelov и 42 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа