Почнува одмаздата на Европа! Подарокот на Орбан за Русите ја налути ЕУ! Овој потег нема да му прости, се размислува за најстроги мерки!
Рашири го зборот
Претседателот на Европската народна партија, најголемата фракција во ЕП, Манфред Вебер, ги повика европските лидери да усвојат мерки против Унгарија поради визните олеснувања за Русите. Вебер смета дека таквиот чекор претставува закана за националната безбедност на ЕУ, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на писмото на Вебер до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Според британскиот весник, Унгарија овој месец објави дека почнува да го олеснува издавањето на одредени визи за граѓаните на осум земји, меѓу кои и Русија и Белорусија.
Будимпешта воведе таква мерка што многумина што ќе дојдат можат да работат на изградба на нови блокови на нуклеарната централа.
– Новите правила би можеле да создадат сериозни дупки и да овозможат шпионажа и потенцијално да дозволат голем број Руси да влезат во Унгарија со минимални контроли, што претставува ризик за националната безбедност… Воведување на најстроги мерки со цел веднаш да се заштити интегритетот на Шенген зоната – се вели во писмото Вебер.
Тој го покани Мишел да го разгледа ова прашање на самитот на ЕУ во октомври.
Да потсетиме дека унгарскиот премиер Виктор Орбан беше на удар на критики за неговите посети на Москва, Киев и Пекинг на почетокот на унгарското претседавање со Унијата.
Пратениците на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во Европската унија поради патувањето на премиерот на земјата Виктор Орбан во Русија и Кина.