СДСМ СЕ ЗАТРУПА ВО ТИЊА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ ИЗВИНУВААТ НА ИВАНОВИ И ИЛИЕВСКИ

СДСМ јавно им се извини на лицата за кои тврдеше дека се „кадровските решенија во МЕПСО“.

 

Станува збор за лажната вест што на прес-конференција ја соопшти портпаролката Богданка Кузевска, дека синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Богдан Илевски Бетмен биле назначени за надзор во МЕПСО.

 

„Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска, се назначени за надзор во МЕПСО. Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и со Илиевски. Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат. Прес-конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО. СДСМ, како одговорна и принципиелна партија, упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност“, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Богдан Илиевски на Фејсбук напиша дека од СДСМ е побарано извинување во ист формат, на прес-конференција.

 

– Лагата е разобличена веднаш бидејќи станува збор за Иван Иванов од Кочани, пратеник и мој поранешен колега од Собранието, како и Анастасија Илиеска од Прилеп, вработена во УЈП. Затоа, луѓе од СДСМ, опаметете се и престанете со измислиците и лажните вести бидејќи станавте партија на луѓе без интегритет, без дигнитет, без достоинство. Станавте партија за потсмев во Македонија, но и пошироко – изјави премиерот Хрисјан Мицкоски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа