ИСУС НЕКА СЛЕЗЕ ОД НА НЕБО НЕМА ДА ГИ УБЕДИ МАКЕДОНЦИТЕ ДЕКА СЕ БУГАРИ, СВЕДОШТВО НА ОХРИЃАНЕЦ ОД 1888
Прилогот што е објавен во 1988 година е уште еден факт против негаторите на Македонците, македонскиот јазик, македонската историја и на нивните тврдења дека „Тито ја измислил македонската нација“. И дали до 1944 година Македонците се чувствувале и декларирале како етнички Бугари или се чувствувале и декларирале етничка посебност како Македонци:
Темко Попов 1888г: Исус Христос да слезе од небото, нема да може да го убеди Македонецот дека е Бугарин или Србин
Во далечната 1888 година на 9. Мај, охриѓанецот Темко Попов/Темистокли Попов (1855-1929) испратил писмо до српскиот пропагандист во Врање со крушевско потекло Деспот Баџовиќ во кое говори за посебноста на македонскиот народ.
„…Да не се лажеме, Деспоте, националниот дух во Македонија е дојден до таква состојба што и самиот Исус Христос да слезе од небото, нема да може да го убеди Македонецoт дека е Бугарин или Србин, освен оние Македонци меѓу кои бугарската пропагандата е веќе вкоренета”.
Охриѓанецот Темко Попов завршил грчко училиште во Охрид каде неговата фамилија припаѓала кон грчката патријаршиска црква како и повеќето побогати луѓе во Охрид во тоа време, а гимназија завршил во Атина. Важел за Македонски национален сепаратист, кој се борел за возобновување на охридската архиепископија, учебници и весници на Македонски јазик (прифаќал компромис истите да се со српска азбука во време кога македонска сеуште немало кодифицирано), но подоцна станал соработник на српската пропаганда и политика, па работел и во српските дипломатски преставништва во Османлиската Империја и тоа во Истанбул, и Солун, а работел и во амбасадата во Атина. По младотурската револуција станал и пратеник (сенатор) во парламентот на османлиската империја и живеел во Константинопол (Истанбул). Пред и по првата светска војна кога Македонија е под српска власт бил градоначалник на Охрид, а извесен период од неговиот живот престојувал во Едрене, Битола, Белград и во Софија каде со група македонски интелектуалци формирале Македонски комитет за борба против денационализацијата на Македонија.