Орфејовиот сомнеж низ призмата на компаниските сервилни ентитети

Од средношколските денови, барем оној кој бил длабоко приврзан за грчката митологија веројатно се сеќава на едно од најголемите дела од метаморфозите на Овидиј, митот за Орфеј и Евридика.

Орфеј бил одличен поет и музичар кој свирејќи на својата лира (старогрчки музички инструмент) знаел да ги маѓепса луѓето, да ги омекне и најтврдите срца.  Неговата трагедија започнува кога на денот на неговата свадба со неговата сакана Евридика, бегајќи од сатир (митолопко суштество, маж со којњски уши и опашка) ќе падне во гнездо на змии и ќе се здобие со фатален убод. Нејзиното тело го нашол Орфеј и така совладан од тага, засвирел толку тажни песни што сите нимфи и богови започнале да плачат.

Растажените богови, го испраќаат Орфеј во подземјето, таму ќе го пречека богот на адот Хедес со неговата жена Персефона и неговото триглаво куче Кербер кои биле чувари на подземјето. Свирејќи на лирата, Орфеј ќе биде единствениот човек што ќе ги омекне душите дури и на чуварите на пеколот.

Маѓепсана од музиката на Орфеј, Персефона се согласила да му ја врати Евридика, но само под услов, Орфеј да оди пред неа и да не се заврти назад се додека и двајцата  не стапнат на горниот свет. Радозналоста и нетрпеливоста на Орфеј колуминирала и таков вознемирен на чекор пред и двајцата да стапнат на горниот свет, се свртил и го чул нејзиниот врисок го видел нејзиното исчезнување. Така казнет од боговите, Орфеј во тага ќе го помине остатокот од неговиот живот и никогаш нема да засвири на лирата.

Во секој случај митот низ ликот на Орфеј сака да ја прикаже човековата слабост. Орфеј, од еден талентиран музичар и виртуоз, на крајот подлегнува на своите стравови и несигурности. Оваа приказна потсетува дека и најмоќните личности можат да бидат ранливи и дека неуспехот е дел од човечкото искуство.

На прв поглед, споредбата помеѓу митот за Орфеј и корпоративниот свет и не така е очекуван пар, но кога ќе се навлезе подлабоко во суштината на довербата, сомнежот и амбициите, паралелите се повеќе од јасни.

Орфеј, обземен со стравот дека Евридика можеби не оди зад него, решава да го прекрши даденото ветување и да се сврти назад. Оваа реакција е израз на човечката несигурност, сомнеж во системот и одреден недостаток на доверба. Во светот на компаниите, многу вработени, особено оние кои се стремат да бидат постојано блиски до менаџментот, исто така се борат со слични сомнежи. Тие се плашат дека, ако не бидат доволно видливи или не покажат лојалност, ќе бидат заборавени или игнорирани.

Во еден корпоративен контекст, ова „свртување назад“ може да се види како прекумерна желба за одобрување, која често ги тера вработените да ги жртвуваат своите принципи или да ја компромитираат својата автентичност.

Тие често се прашуваат: Дали менаџментот навистина го цени мојот труд? Дали треба да направам нешто повеќе за да ја обезбедам мојата позиција? Лојалност или страв? Проблемот не лежи само во желбата да се биде блиску до менаџментот, туку во причините зад таа амбиција.  Ова создава култура на страв од запоставување, каде што вработените веруваат дека секое отстапување од блискоста со раководството ќе резултира со губење на можностите или дури и со отпуштање.

Орфеј имаше можност да се потпре на вербата и ветувањата, но неговиот сомнеж го наведе на акција што доведе до трагедија. Во компаниите, вработените кои премногу се фокусираат на „одржување на контакт“ со менаџментот, на крај ја игнорираат и губат својата професионална независност, автентичноста и личниот интегритет па се впуштаат во акции на измислени приказни, во колегиална нетолерантност и натпревар во не транспарентна и нелојална конкуренција.

Па дури и големиот американски гмотиватор Џон Максвел во својата книга “Како да победувате со другите луѓе”, зборува за оваа проблематика. Во еден дел кога се осврнува на деловните конекции, ќе се потсети на едно од своите први вработувања и ќе рече: “Сигурен сум дека имав поголеми компетенци и квалитети од многу од моите колеги, тоа се гледаше од резултатите, но тие умееја да одржуваат блиски контакти со претпоставените и забележав дека напредуваат повеќе од мене”. Така што фарса е дека во западниот свет, организациската култура се темели на професионалност и компетенции, клучна улога секогаш играат конекциите.

 

Да се вратиме на Орфеј

Да речеме дека во нашава корпоративна улога Персефона е менаџментот Токму Персефона е таа што му ја дава шансата Орфеј повторно да ја врати Евридика, но истата нели поставува и услов. Во корпоративниот свет, менаџментот се перцепира како таа фигура која дава можности, но исто така поставува услови и очекувања. Вработените, слично на Орфеј, ги следат овие услови, но често со скриен сомнеж – дали ова навистина ќе ме води до успех или само е илузија?

Секогаш постои ризик дека менаџментот, иако првично ветува поддршка и можности, ќе ги промени правилата или ќе ги постави вработените во непредвидливи ситуации.

Ова ги тера вработените, слично на Орфеј, постојано да „се свртуваат назад“ – да проверуваат, да бараат сигнали, да ги преиспитуваат своите чекори, со што губат време и фокус на реалните цели. И во една таква безизлезност изгубени во таков страв и несигурност, ги заборават или воопшто и да не се свесни за своите права утврдени со закони и норми. Посебно сме сведоци во многу случаеви кога постои одредено спогодбено усогласување кое ќе го регулира односот помеѓу вработен и компанија и секогаш завршува со онаа познатата “Даш шта даш” или пак “Ајде бе, кој излегол на крај па ти ќе пробуваш” но не е така драги читатели, работноци. Пред фактите и законите молчат и боговите.

На крајот, најголемата лекција од митот за Орфеј е дека сомнежот може да биде разорен. Како што Орфеј ја загуби својата сакана поради неговиот страв, така и вработените можат да ги изгубат своите кариерни можности ако не најдат начин да ја победат несигурноста и да се потпрат на своите вештини и способности.

 

Љупчо Маркоски – Сопственик и уредник на портал “Мкдпресс”

Авторот е магистер по стратегиски менаџмент од областа на европски стратегии за мали и средни бизниси и член на здружението на новинари.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа