Ова е една од големите реплики на Жан Валжан во најпопуларното епско дело на 18 век – Клетници “Лес Мизераблес” на еден од најголемите европски и светски писатели Виктор Иго.
Во очите на Иго главниот лик во романот Валжан е висок и крупен господин со кадрава коса кого мала невнимателност во борбата за егзистенција ќе го одведе во пропаст, ќе го направи лик кој е осуден од сите сталежи во француското општество. Ако добро се сеќавате во 90-те години на јавниот сервис се емитуваше во цртана серија, станувавме многу рано пред да одиме на училиште за да ја гледаме приказната за малата Козета.
Кога Виктор Иго го започнува романот преведен на македонски како “Клетници”(не многу ми се допаѓа терминот, повеќе би одговарало како Бедници или Mизерни), како и да е, Иго уште на почеток на романот не воведува во суровиот свет на Жан Валжан, свет на неправди, сиромаштија и остро поделено општество.
Жан Валжан изгладнет и исцрпен лутајќи низ париските улици ќе забележи пекара која е затворена, знаејки дека и неговата сестра живее во истата состојба на глад, ќе скрши еден од прозорите на пекарата и ќе грабне векна леб. Поради овој чин Валжан е осуден на 4 години тешка затворска работа за ситна кражба и поради неговите обиди за бегство, казната ќе му биде зголемена на 19 години, лишен од секое човечкото достоинство и фрлен на маргините на општеството. Самиот почеток на романот поставува прашања за правдата, сиромаштијата и општествениот систем што ги осудува луѓето не само за нивните постапки, туку и за нивната позиција во општеството.
По одлежување на казната, Валжан кој неколку дена спие на улица, талкајќи по улиците ќе ја пронајде куќата на еден добронамерен свештеник кој го прима за да преноќи. Рано утрото пред да се разбудат свештеникот со неговата сопруга Валжан ќе се обиде да го украде сребрениот прибор, меѓутоа во бегството е повторно фатен од локалните власти и истите ги информира дека приборот е подарок од епископот на Дињ. Инспекторите повторно ќе го вратат во куќата на свештеникот и таму се случува една дијаметралност. Свештеникот и неговата сопруга не само што ќе потврдат, туку дополнително во торбата ќе му стават сребрени свеќници кои чинат многу пари.
Откако ќе замине полицијата, Валжан вчудоневиден ќе го запраша свештеникот “Зошто го направи тоа, зошто не ја кажа вистината?” на тоа свештеникот ќе одговори “Ова е твојата втора шанса за нов живот”.
Понатаму се случува целосен пресврт во ликот на Валжан. Се регистрира под ново име и станува богат чиновник, сопственик на фабрика и градоначалник во местото каде живее.
Од еден гневен човек станува хуманист кого совеста го надвладеала. Пресвртот во ликот на Валжан е една од најдраматичните трансформации во делото и општо можеби и најпозната во светската литература.
Од осуденик кого општеството го презира, до најголем хуманитарец.
Неговата приказна е сведоштво за силата на искушението и способноста на човекот да се промени. Овој процес на трансформација не е само индивидуален; тој носи и универзална порака за надеж и за тоа дека секој заслужува втора шанса.
Годините кога е пишувано делото е можеби најдраматичниот период од владеењето на француската монархија, пост француската револуција и походите на Наполеон а пред парискиот бунт и падот на монархистите. Во секој случај и во очите на Виктор Иго па и во делата на еден огромен општествен критичар Оноре Де Балзак преку неговото дело за чичко Горио е прикажана суровоста и алчноста на француските монархисти.
И Иго и Балзак ги критикуваат кормпираноста, социјалната неправда и непотизмот што произлегуваат од монархичката власт. И двајцата веруваат дека во една ваква авторитарност обичниот човек е потиснат и дека монархистичката власт е одговорна за многуте страдања во општеството. Нивнот делување во политиката, особено во периодот по Француската Револуција, дополнително ја истакнува нивната опсесивна приврзаност за слободата.
Ако го погледнеме светот низ очите на Валжан кој цел живот се борел со вината, неправдата и сопствената совест, тоа е херојот на Виктор Иго, кој врз себе го носи тој товар на плеќите, но низ страдањето, тој го пронаоѓа патот кон новиот живот.