И ОВА ДОЧЕКАВМЕ ДА ГО ВИДИМЕ! СИНОТ НА БОРО МАРЛБОРО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШТО ШВЕРЦВАШЕ ЦИГАРИ СЕ ВРАБОТИЛ НА ЦАРИНА
Перо Стојчев, синот на поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев во јавноста познат како Боро Марлборо е вработен во Царинската управа на Република Македонија, дознава Инфомакс.
На листата кандидати за основна царинска обука (услов за цариниците да можат да работат) е и Перо Стојчев.

Инаку, врховен судија и член на Советиот на јавни обвинители се под истрага, затоа што на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, му ветувале дека за пари ќе му средат погодности во постапката што се води против него за шверц на марихуана.
Случајот во полиција го пријавил синот на Стојчев, сега вработен во Царина, а според првичните информации судијата бил фатен на лице место со 10 илјади евра кои биле обележани од полицијата.
Според соопштението на Јавното обвинителство, уапсениот првоосомничен врховен судија Наке Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети „лажно ветувале“ дека ќе извршат влијание за погодности во случај што се води против Стојчев во обвинителството за гонење организиран криминал.
„Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Стојчев и уште девет други луѓе беа уапсени во акцијата под кодно име „Чибук“ за организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана во периодот од октомври 2023 до март 2024. При претресите на повеќе локации низ земјава, кај осомничените биле пронајдени пари и скоро 100 килограми марихуана, која делумно била набавувана и од фирми за производство на медицински канабис.
„Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на наркотична дрога марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица“, соопшти тогаш Обвинителството.
Според информациите на Телма, истрагата е веќе завршена. Според првичните информации, Обвинителството се откажало од гонење на еден осомничен, за четворица веројатно ќе има обвинение, а петмина признале вина и се спогодиле за казна. Стојчев ја добил највисоката од сите петмина. Останатите четворица добиле меѓу 3 години и 4 години и 2 месеци затвор.