Вчера во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ, Христовски потврди дека сертификатот го добил од Бугарија, бидејќи како што објасни во тој момент (2022 година) само таму имало термин за најбрзо да добие сертификат.
Ние го побаравме студиото Јулија од Пловдив, чија сопственичка е Јулија Иванова Тодорова, а се бави со преведувачка дејност.
Студио Јулија си има и профил на социјалните мрежи, но никаде не стои дека издава TOEFL сертификат.
Што е интересно? Министерот Панче Тошковски на 26 април на социјалните мрежи објавил дека е поднесена кривична пријава за велешанка која приложила лажен сертификат за пзнавање на англиски јазик при аплицирање за директорска позиција во Велес.
Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.
А еве ја и објавата на министерот Тошковски.
Велешанката добила лажен сертификат за познавање на англиски јазик од истото студо од кое сертификат добил и директорот на АНБ, Бојан Христовски. Оттука, се поставува прашањето, дали МВР ќе ја провири вистинитоста на сертификатот издаден од страна на студиото во Пловдив и дали и директорот на АНБ ќе заработи кривична пријава исто како и велешанката. Нели законите треба да важат за сите подеднакво?