Деновиве се навршија 3 години од смррта на еден книжевен великан, големиот есеист, амбасадор, пратеник и професор на филолошкиот факултет Атанас Вангелов.
Во 2015 година, како дел од проектот “Портал Слободен Простор” на еден мошне необичен начин имав чест и привилегија да се запознаам со едно од најголемите имиња во македонската литература, остар литературен критичар, колумнист. Тоа беше човек кој остави длабок спомен и впечаток врз мене и моето разбирање на литературата.
Во тој период неговите скромни пензионерски денови ги поминуваше со она што најдобро го познаваше, пишуваше неуморно и секојдневно со истата страст и ентузијазм како тоа да е прво негово дело.
Еден ден големиот професор и мотиватор Вангелов, до мене испрати колумна, ако добро се сеќавам тоа беше компилација на некој тековен настан со низа моменти од творештвото на Лармонтов, притоа обраќајки ми се: “Маркоски, те молам провери го текстот и доколку сметаш дека е добар, објави го на порталот” во тој момент “Слободен простор” беше еден од најчитаните 30 електронски медиуми.
Вчудоневиден и како паднат од Марс препрочитувам неколку пати што од мене бара професор од калибар на Вангелов и возвраќам “Професоре, во вашите текстови доминира еден таков богат вокабулар, сплет на толку многу стилски фигури, такви персонификации и алегории што тешко да се сретнат дури и во делата на Гогољ, и во контекст на сето ова јас сум само обичен смртник и човек кој не е достоен да оценува текст на литературен великан и брилијантен мозок како што сте вие, од друга страна буџетот ми е толку ограничен што немам можност ниту да ги платам вашите текстови.”
Можев да го претпоставен неговиот скромен осмех во позадина, возвраќајки ми: “Слободно објавувај ги сите мои текстови, знаеш дека не пишувам за пари”
Од тој момент нашата дружба, беше основана врз длабока почит и восхит кон неговото знаење, и со која не го гледав само како пријател и професор, туку и како ментор и инспирација.
При нашето прво запознавање, јасно се истакна неговата скромност и тивка мудрост. Не само што зрачеше со огромно познавање на литературата, туку и неговото однесување беше обележано со едноставност која ретко се сретнува меѓу луѓе со неговиот интелектуален капацитет. Професорот Вангелов секогаш говореше тивко и спокојно, а сепак неговите зборови имаа длабочина и значење кои оставаа впечаток на секој што имаше можност да го слуша.
Во своите пишувања, професорот го покажуваше своето совршено владеење на јазикот и неговата способност да користи стилски фигури на еден мошне елегантен начин. Секогаш ме фасцинираше неговата вештина да ги комбинира метафорите, алегориите, со цел да создаде текстови кои се и литературно силни и интелектуално предизвикувачки. Беше јасно дека неговиот јазик не беше само средство за комуникација, туку и еден вид уметност.
Со неговото заминување замина и последниот литературен великан од друштвото на Коневски, Андреевски, Венко Марковски, Гане Тодоровски, Васил Иљоски, Ристо Крле и плејада литературни дејци кои твореа по втората светска војна и на жалост во моментов осудени сме да се помириме со просечни ликови во литературното творештво како Венко Андоновски и останати аналфабети и плагијатори.
Неговото познавање на руската литература беше извонредно. Ги познаваше сите руски класици, од Пушкин до Толстој и Достоевски, и секогаш умееше да ги поврзе нивните дела со контекстот на нашето време. Пишувањата на професор Вангелов беа вистинска литература, каде што класичните руски автори беа не само споменати, туку и длабоко разбрани и интерпретирани на начин кој им даваше ново значење.
Како пензионер, професор Вангелов остана скромен и посветен на својата страст – литературата. Неговата едноставност и топлина беа дел од неговата личност, и не беа засенети од неговите бројни достигнувања. И покрај своето знаење, тој секогаш се однесуваше кон сите со почит и отвореност, и никогаш не се наметнуваше со своите мисли.
Можеби најважното нешто што го научив од професор Вангелов е дека вистинската големина на еден човек не е во неговите зборови, туку во неговите дела и скромноста со која ги носи своите знаења. Со секоја негова реченица, ме научи дека литературата не е само читање на зборови, туку разбирање на душата на текстот.
Почивај во мир легендо на македонската и светската книжевност.
Љупчо Маркоски