Сите ние сме излезени од капутот на Гогољ соочувајќи се безиззлезни бирократски лавиринти

“Сите ние сме излезени од капутот на Гогољ” – Ова е безвременска фраза на големиот руски класичар и романописец Фјодор Достоевски.

Се работи за најпознатото дело од расказите на Николај Гогољ, руски реалист и текстописец роден во Украина. Oва негово дело е огледало на социјалната и политичка положба на обичниот човек кој е третиран како ништожник низ помпезната бирократија каја ја искористува човечката слабост. Ова дело и до ден денес се рефлектира во секојдневен сплет на системски слабости кои на свој товар ги носи обичниот човек.

Главниот лик во делото на Гогољ е  Акакиевич Бошмачкин. Се работи за навидум воопшто неважен чиновник кој останатите вработени го перцепираат како невидлив додека работи како препишувач во една канцеларија. Неговата работа е досадна, повремено апсурдна, но за него и неговата егзистенција многу важна. Бошмачкин нема никаква амбиција да напредува или да гради кариера меѓутоа во делот на својата работа е најкомпетентниот, неприкосновениот и најпосветениот лик во канцеларијата. Неговото досадно секојдневие и рутина  се нарушува и го исфрла од неговата комфорт зона во моментот кога неговиот стар капут веќе е доносен и нема како да се крпи. За Акакиј, капутот е многу повеќе од само облека, тој е неговиот орден за да биде забележан во средината, да излезе од својата мала соба за која плаќа половично од неговата заработка, да излезе од својата мизерија и сивилото и да почувствува дека има право да живее како сите останати.

Купувањето на нов капут за Бошмачкин е цел еден процес на размислување и анализа. Со оглед дека останатите трошоци го преоптоваруваат и од неговата заработка како невидлив чиновник не останува речиси ништо, приморан е да ги намали дневните оброци и да живее во студ штедејки на огрев. Конечно после една година херојот на Гогољ ќе успее да собери доволно пари за нов капут и соодветно на советите на најголемите шивачи во Петроград ќе го купи капутот изработен од најубавото крзно.

Од овој момент па натаму, започнува една нова ера и нов живот за Бошмачкин, веќе е забележан од сите во средините во кои се движи и луѓето и колегите со него се однесуваат со еден посебен пиетет. Неговиот сизифов камен, неговиот шеваљ, неговиот капут, го турка до тоа ниво што дури и највисокиот чиновник во компанијата во која работи ќе го покани на приватна забава во неговиот дом, нешто што никогаш до тагаш не било карактеристично за него како човек, дури и не знаел како треба да се однесува во една таква средина и на една таква забава на која присуствуваат бројни високи чиновници.

Човек како човек, некогаш и универзумот знае да се откаже од “ништожниците” и во овој светоглед на Гогољ радоста на Акакиевич не трае многу долго, враќајки се од приватната забава кај највисокиот чиновник во компанијата, натрапници ќе го нападнат и ќе му го одземат највредното нешто – капутот, дури и единствениот очевидец на настанот ,одреден случаен минувач кој работел како стражар ќе одбие да му помогне на Бошмачкин да ја докаже вистината пред полициските службеници.

 

Сакајќи да ја докаже правдата, Бочмачкин се среќава со една сосема поинаква стварност, бројни бирократските пречки, економски ограничувања, и бесчувствителноста на системот.

 

Преку оваа трагична приказна, Гогољ истражува како бирократијата може да ја уништи човечката душа. Акакиј не е способен да се бори против системот, не ја разбира неговата суштина, и неговиот капут, како метафора, станува трагична жртва на неразбирливите апарати на моќ и канцелариски процедури. Трагајки низ левиринтите низ кои не може да го најде излезот,  тивко ќе почине не успевајќи да ја докаже конечната правда.

И од денешна гледна точка не е тешко да се направи паралела помеѓу судбината на Акакиј и состојбата на многу граѓани во современиот свет кои се соочуваат со бесконечни лавиринти и бирократија на денешниот систем. Споредба со „Капут“ ја покажува токму оваа безизлезност на системот кој ги игнорира индивидуалните потреби и ги перцепира обичните луѓе само како бројки и архивски податоци.

 

Токму со ова дело Гогољ сака да иницира систем во кој на прво место ќе биде ставена човечката димензија. Лицата кои сакаат да остварат одредено право се сведени на бесконечна безизлезност, а самите процеси често се толку комплицирани што изгледаат како да се создадени само за да се спречи граѓаните да ги остварат основните човекови права кои законски им следуваат. Сите ние сме „Акакији Акакиевичи“ во оваа современа бирократска драма, која постојано ги соочува луѓето со апсурдни барања, неразумни чекори и бесмислени рокови. Кога некој сака да добие одредена услуга, од него се бара не само време, туку и социјална и психолошка издржливост, која многумина едноставно ја губат.

„Капут“ не е само трагедија на една личност, тоа е приказна за општеството, за неговата хиерархија и за бездушноста на системите кои ја обезличуваат и анимираат поединечната реалност. Ако нешто научивме од Гогољ, тоа е дека системите треба да бидат во служба на човекот, а не обратно.

Љупчо Маркоски

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа