Доналд Трамп Јуниор , синот на новоизбраниот претседател на Америка, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но можеби и откри што ќе прави неговиот татко кога официјално ќе ја преземе функцијата претседател на 20 јануари.

Имено, синот на Трамп објави видео на кое се гледа Зеленски, со порака: „Уште 38 дена и ќе останете без џепарлак“.

На видеото се гледаат Трамп и Зеленски, како и банкноти од долари како паѓаат пред претседателот на Украина.

скитник.jpg
Принтскрин Инстаграм 

 

 

Синот на Трамп откри каков е планот за Украина?

Од победата на Доналд Трамп на изборите во Америка се шпекулира каква ќе биде неговата политика кон Украина, многумина веруваат дека неговиот син штотуку ја открил.

 

Трамп во својот победнички говор рече дека неговата цел е да ги запре војните, но не прецизираше како планира да го направи тоа.

Во меѓувреме, високиот советник на Републиканската партија Брајан Ланза изјави дека Украина ќе мора да се согласи на отстапки, како „Крим повеќе да не постои“.

 

Тоа е украинскиот полуостров кој беше илегално припоен од Русија во 2024 година.

 

Од кабинетот на Трамп беше соопштено дека се оградуваат од овие изјави и дека тоа не е официјален став на новоизбраниот американски претседател.

 

Администрацијата на Бајден брзо испраќа помош за Украина

Во пресрет на новиот мандат на Трамп, Соединетите Американски Држави ќе испратат повеќе од 500 офанзивни ракети пресретнувачи во Украина во следните недели, со што ќе се забрза испораката на воена помош, објави „Волстрит џурнал“.

 

Цитирајќи неименуван функционер на Пентагон, њујоршкиот весник наведува дека пред претседателските избори во САД, на кои поранешниот републикански претседател Доналд Трамп го победи својот демократски ривал, американскиот потпретседател Камала Харис, американската администрација имала за цел да го достави остатокот од својата помош за Украина до април.

Испораката на ракети-пресретнувачи за противвоздушните системи Патриот и Националниот напреден ракетен систем земја-воздух (NASAMS) треба да ги задоволи потребите за воздушна одбрана на Украина до крајот на оваа година.