„МАКЕДОНЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБЕДИНАТ ОКОЛУ ЗНАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА! ТАА ИМ ПРИПАЃА НА МАКЕДОНЦИТЕ“ – 1932 г.

Во списание посветено на Гоце Делчев, коешто го носи неговото име и е издавано 1932 г., Македонското благотворно братство во Варна објавува статија во којшто се говори за младите Македонци во овој град и нивното групирање околу ликот и делото на Гоце. Во најважните делови од статијата читаме:
– „Македонскиот народ ја бара светлнината, вистината. Тој сака да знае кога и како ќе се ослободи Македонија? …Тогаш ќе се разбере и големата смисла на нашиот лозунг: ‘Не е Македонец тој кој ќе дигне рака да убие Македонец’.“
Тука очигледно се говори за братоубиставената војна меѓу ванчомихајловистите и протогеровистите после 1928 година. Натаму во написот се нагласува:
– „Само тогаш ќе се обединиме околу едно единствено знаме – знамето на Македонија, за таа да им припаѓа само на Македонците… Културата, просветата – тоа се стимулите, којшто движат човештвото кон волен, слободен живот…
Младиот Македонец треба да биде ревносен заштитник на вистината, правдата, праведноста… Затоа што македонската ослободителна борба е пред сѐ борба за правда.”
ИЗВОР: Весник „Гоце Делчев”, август 1932 г., кн. 1, стр. 5-6.
——–/
Сите реакции:

Marjan Trajkovski и 9 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа