Слушајте ги вестите

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави, откако Соединетите Држави и дозволија на Украина да истрела ракети со долг дострел на руска територија , дека Русија има право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и големите инсталации на НАТО.

Медведев коментираше дека веќе е Трета светска војна.

Димитриј Медведев во објава на својот канал Телеграм истакна дека одлуката на администрацијата на Џо Бајден може да се оквалификува како напад на пактот на НАТО врз Русија.

– Употребата на ракетите на алијансата на овој начин сега може да се оквалификува како напад на земјите од блокот врз Русија. Во овој случај, Русија се повикува на правото да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и големите инсталации на НАТО, каде и да се наоѓаат. И ова е веќе Трета светска војна – напиша Медведев.

dmitrij-medvedev-vladimir-putin-photo-ap-27-decembar-2018.jpg
АП 

 

Украинските вооружени сили синоќа извршија напад со шест балистички ракети ATACMS во областа Брјанск, го одбија нападот, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

„Во 3 часот и 25 минути вечерва непријателот со шест балистички проектили погоди објект во Брјанска област.

„Според потврдени податоци користени се оперативно-тактички проектили произведени од американскиот ATACMS“, прецизираат од Министерството.

Екипажот на ПВО С-400 и ПВО Панцир собориле пет проектили и го оштетиле шестиот, пренесува РИА.