ДОКУМЕНТ ПРОНАЈДЕН ВО ВЕНЕЦИЈА ВО 15 ВЕК ТВРДИ ДЕКА ЦАР САМОИЛ И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗБОРУВАЛЕ ИСТ ЈАЗИК
Во оваа исклучително интересна книга што се чува во НУБ „Св.Климент Охридски“, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле. Како исклучително учен човек за тоа време, одличен познавач на античката, класична историја е роден на островот Хвар, каде што завршил основно образование, Винко Пробојевич заминал најпрво на студии по теологија за подоцна да специјализира во Италија и да стане еден од најугледните професори по теологија во тоа време. Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекува Македонскиот полуостров, Прибојевич во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири. Токму затоа во воведното обраќање до својот пријател Петар, Патрициј и заповедник на Галија, кој најверојатно го платил печатењето на книгата, меѓу другото бара книгата „да биде издадена за општа полза на сите, но без да се исфрлаат цитатите на писателите наведени паралелно со главниот текст отстрана“. И според цитатите, и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш, и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик. Самиот Тукидид, ели Прибојевич во 1525-та година, кој ја пишува книгата, тврди дека „Македонија зафаќа простор од Византија, Тракија, Мизија и Илирија“, а „разликата меѓу Грците и Македонците веднаш се воочува од карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност во карактерите и обичаите не може да стане збор дека Грците и Македонците се ист народ“. Оттука, продолжува Прибојевич во својата книга од почетокот на 16-ти век, „кога атињанинот Диоскип требало да се пресмета во двобој со Македонецот Хорат, меѓу војниците на Александар, како што пренесува Квинт Курциј, Грците биле тие што го бодреле својот Диоскип. Зошто, вели Прибојевич, „ако Македонците биле Грци, грчките војници не го бодреле Македонецот Хорат, како што го бодреле Гркот Диоскип?“ Самиот Пробојевич поставува уште многу вакви прашања, користејќи изворни сведоштва што ги собрал истражувајќи за историјата на автохтоните народи на Македонскиот полуостров. Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!? Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и таа 1525-та година кога тој ја пишува својата книга. Значи, според него, Македонците живееле на овие простори и во тоа време, во почеток на 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле. Ваквото тврдење на Прибојевич секако не и лежи на срце на македонската петта колона која тврди дека имало голема празнина, без Македонци, од времето на апостол Павле до книгата на Крсте Петков Мисирков во 1903-та година, односно дека Македонците исчезнале заедно со јазикот, обичаите, традицијата и својата историја. Дека тоа е обична измислица на оние што не се чувствуваат, и никогаш не се чувствувале Македонци, може да се види кај Прибојевич уште во 1525-та година, а не денес. Имено, тој тврди дека Македонците во тоа време, во времето во кое тој живеел, го зборувале ‘истиот свој јазик каков што користеле и пред 1500 години, кога Грците не можеле да ги разберат што зборуваат па морало да се преведува’. Еве што вели професорот од Венеција од 16-ти век: „Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга „Делата на Александар Велики“. Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можела го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: ‘Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик’, а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да го разберат. Тогаш Александар веднаш додал дека Филота го мрази својот мајчин јазик“. Ако Македонците биле Грци, тогаш овој проблем воопшто не би бил проблем, зашто сите би зборувале грчки јазик. Фактот дека мајчиниот јазик на Македонците се разликувал од оној на Грците во војската на Александар Македонски, јасно покажува дека Македонците никогаш не се чувствувале Грци, бидејќи припадноста на еден народ, како што вели Прибојевич, најдобро се докажува со единственоста на јазикот, па „за припадници на еден народ ги сметаме оние кои уште од најрана доба заедно со мајчиното млеко го примаат истиот јазик“. |