АЛЕКСАНДАР, ФИЛИП И АРИСТОТЕЛ СЕ МАКЕДОНЦИ, НЕ СЕ ЕЛИНИ КАКО ШТО ТВРДАТ НЕКОИ – 1938 г.
Македонскиот деец, публицист и историчар Ангел Динев* во 1938 година напишал книга во која се поистоветил Александар и Филип Македонски и со македонската држава во антиката. Спомнувајќи еден друг македонски деец, Трифун Греков, кој исто така ја третирал темата за корените на македонскиот народ во антиката, Динев напишал:
– „Се знае дека македонското уметничко творештво, уште во времето на Филип Македонски, го надминувало елинското. Победата на Александар Велики над Елините не била само резултат на борбената техничка моќ, туку на моќта и на една цивилизација што ја предизвикала во свеста на Александар
чудната идеја за организирање на една светска школа за единствено светско учење и за мирно обединување на човештвото во една целина.
Тоа се несомнено идеи и на неговиот учител Аристотел, којшто не е Елин, како што тврдат некои, туку Македонец од Халкидичкиот Полуостров што живеел во Атина како минувач и тоа само кога била на власт македонофилската група (д-р Греков “Автономна Македонија,“ 1922 година).
По смртта на Александар Македонски и распадот на македонската држава, Елините го присвоија целото уметничко творештво, а она што не подлежи на фалсификација, Византијците подоцна го разрешиле”.
ИЗВОР: Ангел Динев, „Македонските Славяни”, 1938 г., стр. 56.
* Ангел Динев (1891 – 1952г.) е македонски општественик, новинар, публицист, историчар и политички работник. Родум е Македонец од село Смоквица, гевгелиско. Бил учесник во македонското револуционерно движење, и деец на ВМРО (Обединета).
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?